Владата на денешната седница го разгледа и го утврди текстот на Протоколот за отворен пристап до истражувачката инфраструктура во Западен Балкан, што ќе биде потпишан на претстојната средба на претседателите на влади на Самитот во Софија, како дел од Берлинскиот процес.
Протоколот, како што соопптија од владината прес-служба, предвидува мобилност на истражувачите и овозможување на отворен пристап на истражувачките инфраструктури вклучувајќи ги и е-инфраструктурите со кои располагаат јавните и приватните истражувачки установи во земјите на Западен Балкан и ќе придонесе кон лесна циркулација на истражувачките податоци, непречен пристап до истражувачките инфраструктури со цел зголемување на иновативните истражувања, подобрување на методите и вештините на истражувачите, зајакнување на регионалната соработка и развој.
Северна Македонија и Бугарија на 10 ноември во Софија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес.
Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за Сител најави дека сака физички да присуствува на самитот. Голем дел од лидерите ќе учествуваат онлајн.