Потресот бил регистриран во 8:46 часот, а бил почувствуван од жителите на Беровско, Пехчевско и околината
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утринава повторно е почувствуван во источниот дел на земјава. Епицентарот на потресот, како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, е во подрачјето Делчево–Берово, на 123 километри југоисточно од Скопје.

Потресот бил регистриран во 8:46 часот, а бил почувствуван од жителите на Беровско, Пехчевско и околината.
Денешниот потрес следува по двата последователни земјотреси кои вчера попладне го погодија овој регион. Едниот беше со јачина од 3,6, а вториот од 2,9 степени според Рихтер.