Поради уличната трака насловена „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, утре ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Општина Центар, од 8:30 до 10:30 часот.
„Натпреварувачите ќе се движат по бул. ‘Илинден’ до крстосница со ул. ‘Никола Парапунов’, лево во продолжение до крстосница со бул. ‘Партизански Одреди’, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул. ‘Љубљанска’ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул. ‘Никола Парапунов’ и по бул. ‘Илинден’ до целта на локација Фонтана на бул. ‘Илинден’, во Скопје. Од тие причини сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“,
соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.