Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини
Според податоците кои вчера ги објави Институтот за јавно здравје, може да се забележи опаѓање на бројот на нови заразени
Утре се очекува во земјава да пристигнат 10 илјади вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да стигнат и на 26 април. Вакцините утре со авион ќе стигнат во Софија, а попладнето со специјален транспорт ќе дојдат во Скопје.
Кон крајот на април ќе дојдат и 200 илјади кинески вакцини, а вакцинирањето ќе продолжи по истиот систем како и досега односно по возрасни групи.
Во земјава досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, од кои околу 13 илјади ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, од која има уште 10 илјади на располагање. Нешто помалку од три илјади има од руската „спутник-В“ и илјада од кинеските вакцини.
Во СЦ „Борис Трајковски“ се вакцинираат граѓани на 73 и 74 години со поредуцирани термини од претходните денови, бидејќи често доаѓаат со придружба.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера ја оцени како стабилна состојбата во болниците и рече дека нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата. Тој очекува во наредниот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува.
Смета дека мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран.
Според податоците кои вчера ги објави Институтот за јавно здравје, може да се забележи опаѓање на бројот на нови заразени – 824 случаи од направени 3 988 тестирања, во спорредба со над 1 200 од минатата недела.
Од Министерството за здравство вчера информираа дека вкупно 1 699 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава.