Оваа времена мерка, како што соопшти портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот
Инаку, ДУП Ј 07 подолго време е актуелен во јавноста поради обидите за градежен упад во шумата на Водно, за кои јавноста слушна и во„бомбите” на СДСМ
Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј 07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година.
Оваа времена мерка, како што соопшти портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот.
Пред околу две седмици, Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката донесена од Советот на Општина Центар од 2014 година, со која е донесен ДУП кој се однесува на Градска четврт Ј 07, а која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.
Инаку, ДУП Ј 07 подолго време е актуелен во јавноста поради обидите за градежен упад во шумата на Водно, за кои јавноста слушна и во„бомбите” на СДСМ.
Последно, грдоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во јуни годинава соопшти дека се стопираат сите градежни дејствија за овој план, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно до кои нема пристапен пат, а за кои жителите од тој дел на населбата долго време реагираат на обиди за градежен упад во шумата.
