Предметот е оформен по иницијативата што до Уставниот суд ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права. Со иницијативата се оспорени членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи
„Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците… Дополнително, оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење, според подносителите создава правна несигурост и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница“, се наведува во соопштението од Уставен
Уставниот суд оформи предмет за оценување на уставноста на дел од измените на Законот за работни односи, а кои се однесуваат на прекувремената работа на работниците ангажирани на изведбата на коридорите 8 и 10-д, што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Предметот е оформен по иницијативата што до Уставниот суд ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човекови права. Со иницијативата се оспорени членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.
Уставен, преку соопштение сподели и дел од наводите во иницијативата на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Во нив се вели дека со оспорените членови се напушта нивото на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила.
„Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците и дискриминација од страна на министерот за финансии, кој во согласност со министерот за труд и социјална политика, го пропишува начинот и местото на исплата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење утврдено со закон. Дополнително оспорениот член со кој се предвидува исклучок од траењето на прекувремената работа подолго од 8 часа неделно и 190 часа годишно за работење на проекти од стратешко и национално значење според подносителите создава правна несигурност и простор за толкување и манипулација со вкупното времетраење на прекувремената работа без да се утврди горна граница“,
се наведува во соопштението од Уставен.
Предметот, како што појаснуваат од Уставен за „360 степени“ се наоѓа во рана фаза – на претходна постапка, во кој се испитуваат наводите на иницијативата и се прави сеопфатна детална анализа за сите прашања кои се поставени во овој предмет пред Уставниот суд. Во оваа фаза, меѓу другото се бара и мислење од доносителот на оспорениот акт.
Иницијативата со која ги оспорува трите члена од измените на Законот за работни односи, Хелсиншкиот комитет ја поднесе до Уставен на 3 јули.
Одредбите што ги оспоруваат, како што соопштија тогаш од Хелсишки, се однесуваат на делот за начинот и местото на исплата на платата на работниците кои работат на проекти од стратешко национално значење, за прекувремената работа и за одредбата со која се предвидува исклучок од правилото недела – неработен ден.
„Законските измени претставуваат експлоататорски решенија што ги уназадуваат работните односи во државата и ја оддалечуваат од тенденциите на Европската Унија и меѓународните конвенции. Со предложените измени драстично се ограничува и оневозможува остварувањето на работничките права. Станува збор за намалување на траењето на дневниот и неделниот одмор во стратешки проекти, но имајќи го предвид актуелниот повод за измените во законот, се работи за градежништвото, каде работата се извршува на отворено, во секакви временски услови и бара исклучителни физички напори. Воедно се работи за извршување работи и работни задачи каде што има највисок степен на ризик по безбедноста и здравјето при работа поради изложување на штетни материи и изложување на опасни активности за кои се потребни посебна психофизичка подготвеност и луцидност во извршувањето. Тоа е класична експлоатација на работната сила, која излегува од рамките на хуманизмот и хуманиот третман на човекот и граѓанинот што подразбира вреднување на човечкото суштество и човековата состојба“,
наведоа тогаш од Хелсиншки.
Слична иницијатива за измените на Законот за работните односи веќе има поднесено партијата Левица, а иницијатива до Уставен најавија и од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Имајќи предвид дека станува збор за иницијативи со кои се оспоруваат истите членови, можно е Уставен да ги спои во еден предмет, односно реферат.
Измените и дополнувањата на вкупно пет закони поврзани со Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10-д Собранието ги донесе на 26 мај.
Најмногу контроверзии и реакции во јавната дебата предизвикаа токму измените на Законот за работните односи. Со нив се носи одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот.
Останатите четири закони кои претрпеа измени поради Договорот со „Бехтел и Енка“ се: Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка; Закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка; Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка и Закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија