Во мај почина фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга, кој се заразил на своето работно место, во аптека
Педесет и седум годишна здравствена работничка од Берово почина како последица на ковид-19. Таа е втора жртва во Малешевијата од оваа болест и втор здравствен работник во земјава кој ја загуби битката со коронавирусот.
Пред повеќе од 48 часа, на жената и на нејзиниот сопруг, кој исто така е здравствен работник, им е дијагностициран ковид-19 по што биле примени во болница.
Според информации од семејството на кои се повикува МИА, во текот на вчерашниот ден состојбата на пациентката се влошила по што починала.
Нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба. Позитивен на ковид-19 е и нивниот син, кој е без симптоми.
За помош на семејството и скапото лекување во тек е хуманитарна акција преку социјалните мрежи за собирање парични средства.
Во мај почина фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга, кој се заразил извршувајќи ги своите професионални должности, односно додека пружал здравствена заштита на своето работно место, во аптека.