Благата насмевка што ја придружуваше оваа изјава отвора дилема колку Трамп бил сериозен, како и дали неговата порака претставува промена на американската политика

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјави дека, откако Иран ќе биде поразен, ќе го прогласи стратешки важниот Ормуски Теснец за „американска територија“.
„Откако ќе го докрајчиме Иран, набргу потоа ќе го прогласам Ормускиот Теснец за американска територија“, порача американскиот претседател, благо насмевнувајќи се на собир во Гарден Сити, во близина на Њујорк.
Поради тоа, не беше јасно колку Трамп бил сериозен, ниту дали неговата изјава претставува промена на американската политика, пишува Ројтерс.
Трамп ги повика Американците да прифатат малку повисоки цени на горивата за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
„Му правиме голема услуга на светот, не само нам, и навистина одлично си ја вршиме работата“, рече американскиот претседател.
Изјавите на Трамп укажуваат на сè поголем политички ризик за него, бидејќи повисоките цени на горивата се во спротивност со неговите предизборни ветувања за намалување на цените на енергијата. Демократската партија, пак, се очекува економските последици од војната во Иран да ги претвори во едно од клучните прашања пред конгресните избори во ноември.
