Од она што досега е објавено, во утринскиот земјотрес нема жртви, но е предизвикана материјална штета. Според грчките медиуми, шест лица биле заробени во урнати куќи во селото Месохори кои биле спасени
Уште еден земјотрес, овој пат со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција, објави Европскиот медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри од Лариса, на длабочина од 2 километри, по што следувале неколку послаби потреси.
Истата област утрово беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше почувствуван во целиот регион.
Според ЕМСЦ во изминатите 11 часа областа ја погодиле 26 земјотреси.
Од она што досега е објавено, нема жртви, но е предизвикана материјална штета. Според грчките медиуми, шест лица биле заробени во урнати куќи во селото Месохори кои биле спасени од Бригадата за противпожарна заштита.

Најмалку 30 куќи се оштетени во околината на Месохори. Жителите се на улица и чекаат упатства од општината и службите за цивилна заштита.
Веднаш по најсилниот потрес утрово, Владата го активира планот за итнен одговор.