Се работи за 35-мина авганистански граѓани кои се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“
По привремениот престој во нашата земја, група авганистански цивили, кои беа на привремен престој кај нас, отпатува за Канада како нивно трајно одредиште.
Се работи за 35-мина авганистански граѓани кои се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.
Пред пет дена 39 нивни колеги од истата организација исто така заминаа за Канада.
Од Владата соопштија дека хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година и дека службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје.
„Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште“,
се вели во владиното соопштение.