Предвидено е фон дер Лајен да се обрати и во македонското Собрание
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе пристигне во посета на Скопје. Таа ќе има средби со државниот врв, а ќе се обрати и во Собранието пред почетокот на седницата на која ќе се разгледува францускиот предлог со кој треба да се одблокираат македонските евроинтеграции.
Од Владата соопштија дека претседателката на Европската комисија утре напладне ќе има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирана е и билатерална средба. Претходно фон дер Лајен ќе има средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пред седницата предвидена е средба на претседателката на Европската комисија со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Седницата на која ќе се обрати Урсула фон дер Лајен е закажана за 13 часот. Половина час подоцна треба да почне седницата на која ќе се расправа за францускиот предлог.