Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен ја поздрави одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.
„Одлични вести за Западниот Балкан и за ЕУ. Јас сум задоволна што земјите членки дадоа зелено светло за почеток на преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Се надевам дека лидерите на ЕУ ќе ја одобрат оваа недела. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Честитки до Еди Рама и Оливер Спасовски“,
напиша Фон дер Лaјен на Твитер

Поврзани вести:
Иста, а сепак различна одлука на ЕУ за Северна Македонија и за Албанија
Спасовски: Ќе работиме посветено за брзо да се завршат преговорите за членство во ЕУ