Јовановски вчера бил претепан од тројца затвореници во затворот „Идризово“ каде што ја издржува затворската казна во случајот „Рекет“. Нападот бил пријавен во полицијата од каде штопосочија дека работат на расветлување на случајот
Бојан Јовановски познат како Боки 13 синоќа бил донесен на преглед во Ургентниот центар со анамнестички податок за физички напад. Констатирани биле видливи надворешни повреди, отоци и огреботини во пределот на глава, шака, рачен зглоб и надлактица. По направени иследувања, бил прегледан од неврохирург, трауматолог и дигестивен хирург, по што бил пуштен поради лекарска проценка дека нема потреба од хоспитализација, информираа за МИА од Ургентниот центар.
Јовановски вчера бил претепан од тројца затвореници во затворот „Идризово“ каде што ја издржува затворската казна во случајот „Рекет“. Нападот бил пријавен во полицијата од каде штопосочија дека работат на расветлување на случајот.
„На 20.10.2022 во 20 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј. (36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15:40 часот во кругот на Казнено-поправната установа затвор ‘Идризово’, каде што издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок“,
велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Адвокатот на Јовановски, Сашко Дукоски, во изјава за „360 степени“ вели дека неговиот клиент бил нападнат со клоци и тупаници без никаква причина од тројцата затвореници додека седел на клупа во дворот на „Идризово“. Одговорноста ја лоцира ја директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.
„Ова е исклучиво вина на директорот на Управата за извршување санкции. Без каква било причина го префрли од едно одделение во сосема друго одделение, каде што се сместени друг калибар на лица, затвореници. Неколкупати досега имаше вербални закани, ние ги пријавувавме, не се реагираше“,
вели Дукоски за „360 степени“.