Паричната казна за ваков прекршок е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од 7 дена, таа се преполовува
Во сите земји од соседството, казните за неносење маски се повисоки: во Србија е 42 евра, во Бугарија и Грција е 150 евра, додека во Албанија е 24 евра, но само првиот пат, а доколку прекршокот се повтори, е 40 евра
За неносење маска, вчера полицијата казнила 504 граѓани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Ако се види статистиката изминатите денови, па дури и изминатиот месец, може да се заклучи дека бројот на оние кои се казнети за почитување на оваа мерка, која е задолжителна и за затворени простории и надвор и во јавниот превоз е константен и се движи од 300 до 500 лица дневно.
Од информациите кои дневно ги објавува МВР, тие се движат вака: 355 завчера, 480, 385 изминатата недела, 331, 412, 319, 349 казни за неносење маски во текот на јануари…
Според бројките, очигледно не помагаат ниту секојдневните апели и потсетувања да се почитуваат мерките и протоколите чија цел е да се спречи ширењето на коронавирусот.
Со Уредба на Владата, од 23 април годинава во земјава е задолжително носење лична заштита на лицето, при што граѓаните можат да бираат дали тоа ќе бидат маски, марами или шалови.
Покрај неодговорноста или пак неприфаќањето на мерката, ваквиот однос на граѓаните може да се поврзе и со паричната казна за ваков прекршок, која не е висока и изнесува 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од 7 дена, таа се преполовува.
Во сите земји од соседството, казните за неносење маски се повисоки: во Србија е 42 евра, во Бугарија и Грција е 150 евра, додека во Албанија е 24 евра, но само првиот пат, а доколку прекршокот се повтори, е 40 евра.
*Поврзани вести:
Никако да се навикнеме на новата нормалност – во просек по 400 казни дневно за неносење маски
(ВИДЕО) Кои маски се најсоодветни, каде и како да се носат, какви се европските искуства