Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година, универзитетот објави дека остварил профит од 7,3 проценти со што сега неговото богатство изнесува 53,2 милијарди долари
Харвард, најбогатиот универзитет во светот, во четвртокот објави дека во фискалната година што заврши во јуни оствари профит од 34 проценти и го зголеми своето богатство на 53,2 милијарди долари, пренесува Н1.
Универзитетот го зголеми профитот со инвестирање во приватниот и јавниот сектор.
Во текот на претходната фискална година, која заврши во јуни 2020 година, само неколку месеци по почетокот на пандемијата на коронавирусот, универзитетот објави дека остварил профит од 7,3 проценти.
Главниот директор за инвестиции и извршен директор на „Харвард менаџмент компани“ (ХМЦ), Н.П. Нарвекар, рече дека профитот оваа година би бил многу поголем доколку универзитетот инвестирал во поризични бизниси.
Нарвекар во годишниот финансиски извештај на универзитетот наведува дека Харвард ризикувал многу помалку од другите универзитети во последниве години.
„Со други зборови, со оглед на развојот на пазарот минатата година, значително повисоко ниво на ризик драматично ќе ја зголеми заработката на ХМЦ“,
рече Нарвекар.
На пример, МИТ (Технолошкиот институт во Масачусетс) оствари профит од 56 проценти оваа фискална година, зголемувајќи го богатството на 27,4 милијарди долари, а Браун со 52 проценти профит сега има 6,9 милијарди долари.