Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени
Повеќе од 100 милиони луѓе се протерани од своите домови ширум светот, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) цитирајќи нови податоци за лицата што ги напуштаат своите домови поради насилство, конфликти, прогон и кршење на човековите права.
Војната во Украина е еден од факторите што принуди милиони луѓе да избегаат, соопшти УНХЦР додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго исто така влијаеле на голем број.
„Тоа е рекорд кој никогаш не требаше да се постигне“,
изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.
„Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивни конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат клучните причини кои ги принудуваат невините луѓе да ги напуштат своите домови“,
рече тој.
Податоците на УНХЦР вклучуваат бегалци, баратели на азил и раселени во нивните земји. Минатата недела, УНХЦР соопшти дека бројот на раселени лица во нивните земји достигна рекорд од речиси 60 милиони луѓе до крајот на минатата година.
Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, велејќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.
„За да се смени овој тренд, единствениот одговор е мир и стабилност за невините луѓе да не бидат принудени да бираат помеѓу акутна опасност дома или неизвесен бегство и прогон“,
додаде тој.