Унгарија го откри слоганот и новото лого во видео објавено вчера на социјалната мрежа Икс. Слоганот е копија на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно го има фалено унгарскиот премиер Виктор Орбан
„MAKE Europe Great Again“ односно „Да ја направиме Европа повторно голема“ ќе биде официјалниот слоган на унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Белгија во моментов претседава, а Унгарија ќе ја преземе таа улога на 1 јули.
Унгарија го откри слоганот и новото лого во видео објавено вчера на социјалната мрежа Икс. Слоганот е копија на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп „Make America great again“, кој претходно го има фалено унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува Си-ен-ен.
Трамп го угости унгарскиот моќник во Мар-а-Лаго во март, истакнувајќи дека двајцата останале во контакт откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.
„Нема попаметен или подобар лидер од Виктор Орбан. Тој е фантастичен“,
изјави тогаш Трамп.
Рубиковата коцка како лого
Логото на унгарското претседателство е инспирирано од светски познатиот унгарски изум, Рубиковата коцка, кој оваа година слави 50-годишнина. На едната страна од коцката е знамето на Унгарија, а на другата е знамето на Европската Унија.
The Hungarian Presidency of the Council of the European Union introduces its offical logo. ???? #HU24EU pic.twitter.com/nT0gbS9fv4
— Hungary in the EU (@HungaryintheEU) June 18, 2024