Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, кој е запознаен со најновите разузнавачки информации изјави дека подготовките на руската армија продолжуваат без прекин, додавајќи дека „нема забавување“ и изјави дека рускиот напад врз Украина „може да почне во следните неколку часа или дена и дека ќе биде екстремно насилен“
Претседателот на Украина, Влaдимир Зеленски, објави дека разговарал со претседателот на САД, Џо Бајден, по одлуката на Русија да ја признае независноста на сепаратистичките украински региони Доњецк и Луганск.
„Ја започнуваме седницата на Советот за национална безбедност“,
објави Зеленски на Твитер.
Тој рече дека планира разговор и со премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно за време на обраќањето до нацијата, потпиша документ со кој Москва ја призна независноста на отцепените украински територии Луганск и Доњецк.
Путин потпиша договор за пријателство во Кремљ со Денис Пушилин (на чело со ДНР) и Леонид Пасечник (предводен од ЛНР).
Европската унија најави санкции.
Советникот за национална безбедност на американскиот претседател, Џејк Саливан, кој е запознаен со најновите разузнавачки информации изјави дека подготовките на руската армија продолжуваат без прекин, додавајќи дека „нема забавување“ и изјави дека рускиот напад врз Украина „може да почне во следните неколку часа или дена и дека ќе биде екстремно насилен“.
„Тактичките показатели покажуваат дека руските сили на теренот долж границата со Украина го прават токму она што би го направиле доколку им било кажано да нападнат“,
додаде Саливан за Си-ен-ен.