Украинските сили соопштија дека влегле и во источниот град Купјанск, клучна локација во рацете на руската војска неколку месеци
Сергиј Хајдај, украинскиот гувернер на областа Луганск, која е целосно под контрола на руските сили, изјави дека украинските сили напредуваат кон предградието на Лисичанск.
Хајдај за телевизијата Суспилне изјави дека жителите виделе украински војници во близина на предградијата.
Според него, во текот на ноќта, украинските партизани го подигнале украинското знаме над Кремин, град во близина на Северодоњецк. Тој додаде дека „руските окупатори и нивните соработници масовно ги напуштаат населените места во регионот на Луганск“.
Во меѓувреме, Олександр Журављов, украинскиот градоначалник на окупираниот Лиман во источниот регион Доњецк, за телевизијата Суспилна изјави дека украинските сили водат жестоки битки со руската армија во предградијата.
„Украинското знаме сè уште не е подигнато над Лиман“,
рече Журављов.
Тој додаде дека руските сили даваат отпор на украинското напредување кон Лиман.
Наталија Гуменјук, портпаролка на украинската воена команда на југ вели дека украинските војници напредуваат на фронтот на југ во неколку области кои се движат од два до неколку десетици километри.
Украинските сили соопштија дека влегле и во источниот град Купјанск, клучна локација во рацете на руската војска неколку месеци.
Новиот напредок на украинските сили доаѓа откако Киев соопшти дека последниве денови ја вратил контролата врз 30 локации во регионот Харков, кој граничи со Русија.
Купјанск, кој се наоѓа на околу 120 километри југоисточно од Харков, падна во рацете на Русите помалку од една недела по почетокот на руската офанзива врз Украина на 24 февруари.
Враќањето на украинската контрола над градот може да претставува сериозен проблем за Москва, бидејќи градот лежи на патиштата за снабдување на руските сили на другите позиции на фронтот.