Во меѓувреме, шефот и основач на озлогласената паравоена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека неговите сили го опколиле Бахмут и го повикува украинскиот претседател Володимир Зеленски да нареди повлекување на украинските сили од градот Донецк
Украинската полиција од областа Донецк тврди дека руските сили во текот на ноќта го кренале во воздух клучниот мост што го поврзува опколениот град Бахмут со селото Хромове.
Во изјава за Си-ен-ен, полицијата од градот Константинивка, кој е дел од Донецката Област, изјави дека се надева оти мостот ќе биде функционален во наредните неколку дена бидејќи е витална точка за извлекување цивили и испорака на воени резерви. Во изјава за медиумот, оваа информација ја потврдил и војник од специјалните единици во Бахмут, кој кажал дека мостот бил погоден со руски проектил, при што бил направен голем кратер.
И покрај напредокот на руските сили кон градот Бахмут, војската на Украина вели дека ќе ја продолжи битката за источниот град и оти не планира да се повлече.
Во меѓувреме, шефот и основач на озлогласената паравоена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вели дека неговите сили го опколиле Бахмут и го повикува украинскиот претседател Володимир Зеленски да нареди повлекување на украинските сили од градот Донецк.
„Единиците на ‘Вагнер’ речиси го опколија Бахмут, остана само еден пат
му рече тој на Зеленски во видеото снимено на северната периферија на Бахмут и објавено на неговите канали на социјалните мрежи.. Украинските војници се борат, но нивниот живот во близина на Бахмут е краток. Дајте им шанса да го напуштат градот. Градот е всушност опкружен“,
На социјалните мрежи се шират наводни видеоснимки од украински војници во Бахмут кои тврдат дека се опколени и без муниција.