Според истрагата на весникот „Џеркало Тижнија“, објавена претходно овој месец, Министерството потпишало договор со турска компанија во септември 2022 година за купување зимска облека за војската во вредност од 33 милиони долари, која подоцна се утврдило дека е летна облека
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников треба да биде разрешен наскоро, објави весникот „Украинска правда“ (УП), повикувајќи се на владини извори. Неговите должности најверојатно ќе ги преземе првиот човек на Фондот за државен имот, Рустем Умјеров.
„Правда“ пишува дека парламентот следната недела треба да ја разгледа оставката на поранешниот прв човек на Министерството за одбрана. Имено, парламентот на Врховната Рада на негово барање именува и разрешува министер. Дотогаш вршителот на должноста, прв заменик-министер за одбрана, генерал-полковник Олександр Пављук ќе ја врши должноста.
Наводно парламентот ќе размислува за именување на Резников на позицијата амбасадор на Украина во Велика Британија. Весникот се повикува на извори од кабинетот на Володимир Зеленски кои велат дека Резников ќе биде разрешен по скандал со воена опрема.
Според истрагата на весникот „Џеркало Тижнија“, објавена претходно овој месец, Министерството потпишало договор со турска компанија во септември 2022 година за купување зимска облека за војската во вредност од 33 милиони долари, која подоцна се утврдило дека е летна облека.
Истрагата пронашла докази за неовластено менување на цените, при што некои јакни вредни околу 29 долари се наведени во некои документи и по цена од 86 долари.