Двајцата се гонат за дела поврзани со задирање на територијалниот интегритет на Украина
Украина реши да издаде потерница за портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен премиер Дмитриј Медведев, кој е и поранешен руски премиер и претседател.
Потерниците ги издаде Службата за безбедност на Украина (СБУ), а потерниците денеска осамнаа и во ажурираната база на украинското Министерство за внатрешни работи.
Украинските власти ја гонат Захарова според украинскиот Кривичен законик за делото повреда на територијалниот интегритет и неповредливост на Украина од страна на лице кое ги застапува властите и предизвикува сериозни последици.
Медведев, пак, се гони за задирање во територијалниот интегритет на Украина.
Овие информации доаѓаат откако Русија истрела најмалку 75 проектили, од кои воздушната одбрана на Украина успеала да собори 41. Ваквите напади убија најмалку 11 лица, а над 60 се повредени.
Нападите ги призна и рускиот претседател Владимир Путин, а истите следуваат два дека откако се случи експлозијата на клучниот мост што ги поврзува Крим и Русија за којашто Москва го обвини Киев за тероризам.