Поради ризик од ракетните напади, најголемиот украински производител на електрична енергија објави дека врши вонредни исклучувања на електропреносната мрежа во Киев, остатокот од Киевската Област и областите Одеса и Днепропетровск
Украина рано утринава прогласи воздушна тревога низ целата земја, а регионалните власти предупредија на можен ракетен напад и им порачаа на Украинците да се засолнат во засолништата додека силите за противвоздушна одбрана ги соборат проектилите, пишува Ројтерс.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм информира дека системите за воздушна одбрана на Украина утрово собориле неодреден број руски ракети.
„Првите руски ракети се соборени“,
вели Андриј Јермак, шеф на кабинетот на претседателот.
Гувернерот на регионот Миколаев, Виталиј Ким, во објава на Телеграм информира дека два проектила биле забележани над територијата на овој регион.
Поради ризик од ракетните напади, најголемиот украински производител на електрична енергија објави дека врши вонредни исклучувања на електропреносната мрежа во Киев, остатокот од Киевската Област и областите Одеса и Днепропетровск.
Во текот на ноќта, украинската армија објави дека противвоздушната одбрана ги соборила сите 24 руски беспилотни летала кои биле лансирани во синоќешниот напад на Украина.
Петнаесет од нив биле соборени во околината на Киев, каде што нема извештаи за каква било штета.