Дополнителната помош од САД и другите сојузнички земји е од клучно значење за украинската војска која е ангажирана во многу тешки борби, велат украински претставници.
„Секој ден е можност и помошта што навистина ни треба сега – од борбени тенкови до оклопни возила, до повеќе воздушна одбрана, до поголема огнена моќ, до проектили со поголем дострел, сето тоа може да направи пресвртото да се случи побрзо“,
изјави за Си-Ен-Ен украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова.
Американската администрација минатата недела најави нови 2,85 милијарди долари за Украина. Помошта ќе вклучи борбени возила „Бредли“, артилериски системи, оклопни транспортери, ракети земја-воздух, муниција.
Маркарова изјави дека Украина веќе покажала дека е способна да ги ослободи окупираните територии со помалку ресурси, но дека новата помош ќе доведе до поголем напредок на бојното поле.