Триесетина луѓе украле тело на починат пациент, кој бил нивни роднина, од Инфективното одделение во болницата во Струмица. Како што вела од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „Фокус“, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на ковид-19 и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест сѐ уште не се готови.
Директорот на болницата во Струмица, Наќе Гогов, за СДК.мк вели дека починатиот пациент бил на возраст од 49 години.
Според него, роднините на починатиот, заедно со 20 други луѓе, влегле во инфективната амбуланта и сосе кревет го извадиле надвор, каде што ги чекало комбе и го транспортирале дома.
Лекарите не можеле да направат ништо бидејќи станувало збор за толпа на луѓе и доколку реагирале ќе се создадел поголем инцидент. Тие, сепак, случајот го пријавиле во полиција.