Стејт департментот ја укина децениската забрана што го спречуваше баталјонот Азов да користи американска обука и оружје. САД го решија ова откако нова анализа покажала дека нема докази оти единицата ги крши човековите права, пренесува „Вашингтон пост“
Владата на американскиот претседател Џо Бајден ќе ја укине забраната што ја спречуваше контроверзната украинска воена единица да користи американско оружје, објави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на претставници на Стејт департментот.
Стејт департментот ја укина децениската забрана што го спречуваше баталјонот Азов да користи американска обука и оружје. САД го решија ова откако нова анализа покажала дека нема докази оти единицата ги крши човековите права, пренесува „Вашингтон пост“.
„По темелна истрага, 12. специјална единица на баталјонот Азов ја поминала проверката на Лихи спроведена од Стејт департментот“,
пишува весникот.
Актот Лихи забранува давање американска воена помош за странски воени единици за кои е утврдено дека извршиле кршење на човековите права. Азовскиот полк, кој има екстремно десничарски и ултранационалистички корени, е дел од Украинската национална гарда и потекнува од баталјон формиран во 2014 година за борба против сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.
Полкот во Украина е пофален како бранител на земјата од руската инвазија, а особено на јужниот град Мариупол, но во Руската Федерација го третираат како терористичка организација и неговите активности се забранети.