Телевизијата „Телма“ призна дека е направена „техничка“ грешка во валутите
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и Управата за јавни приходи ги демантираат написите на одредени медиуми во кој е наведено дека „Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец“.
Веста која оригинално ја објави ТВ „Телма“ ја пренесе и „360 степени“.
Според УЈП, единствената точна сума е соопштена завчера,
„Дека вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари (162 илјади евра н.з.), не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари (222 илјади евра н.з.)“,
велат од УЈП и од ГС на Влада на РСМ.
Во речиси исто време со соопштението, исправка објави и ТВ Телма. Од медиумот велат дека:
„Во Вестите на Телма во 15.30 часот направена е ненамерна техничка грешка, па наместо 10 милиони денари напишано е 10 милиони евра за сумата која фирмите не ја исплатиле на работниците од финансиската подршка на Владата“
објави Телма.