Угостителите, претставниците на фотостудијата и музичките бендови денеска треба да излезат на протест со барање да им се овозможи да работат со протоколи.
Според најавите, тие ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот „Александар Македонски“ во скопската населба Автокоманда во период од три часа – од 14 до 17 часот.
Покрај денешните, протести се закажани и за в понеделник и вторник во истиот временски период.
Од МВР најавуваат и посебен сообраќаен режим и апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.