УЕФА и официјално објави дека натпреварот помеѓу Линфилд и ФК Дрита е одложен поради позитивнен тест за коронавирус.
Натпреварот помеѓу двете екипи е прелиминарен за влез во елиминациската фаза на турнирот, а натпреварот требаше да се одигра денеска во Нион, Швајцарија.
Ова следеше откако играч на косовскиот клуб Дрита во понеделникот имал позитивен тест на коронавирус, иако тој на тестот на 7 август бил негативен.
Целиот состав на косовскиот тим бил тестиран пред да замине во Швајцарија.
УЕФА, исто така, најверојатно ќе го исфрли косовскиот шампион од турнирот за сезоната 2020/2021, иако годинашниот формат не е завршен.