Француската влада минатиот месец забрани оваа муслиманска облека да се носи во училиштата велејќи дека таа ги прекршува правилата на секуларизам во образованието. Од 2004 година, пак, со закон е забрането носењето шамија во државните училишта
На првиот ден од учебната година, француските училишта испратија дома десетици девојчиња откако тие одбија да ги соблечат абаите – традиционална муслиманска облека што го покрива телото од рамената до стапалата.
За ова информира францускиот министер за образование Габриел Атал велејќи дека во понеделникот наутро речиси 300 девојчиња се појавиле во училиштата облечени во абаи и покрај забраната за оваа облека во образовните институции што ја донесе владата на Франција минатиот месец.
Повеќето од девојчињата, како што изјави министерот, се согласиле да се преоблечат, но 67 од нив одбиле да го сторат тоа, по што биле испратени дома. Би-би-си пренесува дека сега би следел период на дијалог со нивните семејства на оваа тема, а ако тоа не ги разубеди да ја носат оваа облека во училиштата, ќе бидат исклучени.
Француската влада минатиот месец забрани оваа муслиманска облека да се носи во училиштата велејќи дека таа ги прекршува правилата на секуларизам во образованието. Од 2004 година, пак, со закон е забрането носењето шамија во државните француски училишта.
Франција има строга забрана за верски знаци во државните училишта и владините згради, тврдејќи дека тие ги прекршуваат секуларните закони.