Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите стоеја старите називи
Министерот за образование Арбер Адеми на Фејсбук објави дека се променети имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“.

Адеми ги објави и документите од Централниот регистар.

Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите сè уште стоеја старите називи.
„Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на на училиштата во Чаир конечно е затворено“, напиша Адеми на Фејсбук.