Според СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А. со прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди
Едно лице починало откако е застрелано со огнено оружје вечерва во центарот на Гостивар. Според првичните информации на убиството муу претходела расправија.
Според СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А. со прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.
Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.