Таткото на 39-годишникот бил пронајден во бессознание и пренесен во Ургентниот центар
Триесет и деветгодишник попладнево околу 18:50 часот бил пронајден мртов во својот дом во Тетово. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, мажот со иницијали С.Н. бил пронајден со прострелна рана во главата, а во просторијата каде што се наоѓало неговото тело пронајдена била и ловечка пушка.

Според информациите на полицијата, тој живеел со својот татко.
„С.Н. живеел со својот татко, кој бил пронајден во бессознание и од страна на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово“,
информираат од МВР.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.