Непознат напаѓач ноќеска убил шестмина вработени и ранил уште тројца во главната американска воена база во Авганистан, лоцирана северно од Кабул, соопштија американски воени претставници.
Деветтемина Авганистанци доцна синоќа се враќале од работа кога на оддалеченост од 500 метри од воздухопловната база во Баграм напаѓачот од мотоцикл отворил оган врз нив, соопшти портпаролот на провинцијата Парван, Вахида Шакар.
Напаѓачот побегнал и сега по него интензивно се трага.
Иако талибанските и бунтовничките групи на ИД се активни во северните области на Авганистан, засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесоа американските медиуми.
Шакар изјави дека националните безбедносни сили почнале истрага за да го откријат напаѓачот врз работниците кои биле ангажирани како чистачи во воената база.