Српските медиуми пишуваат дека според локалните жители, двете момчиња биле пријатели и оделе во седмо одделение во основно училиште во Нишка Бања
Утрово цела Србија ја потресе веста за трагедијата во Нишка Бања, во која тринаесетгодишно момче било пронајдено со исеченица на вратот и без знаци на живот на поткровје во приватна куќа, пренесуваат српските медиуми.
Според српските медиуми, меѓусебна расправија и тепачка на двајца малолетници и врсници завршила со смртни последици.
„Едно безживотно тело е пронајдено на лице место, а уште едно малолетно лице е пренесено во Клиничкиот центар во Ниш“,
соопшти полицијата.
Покрај двете момчиња, медиумите пренесуваат и дека во куќата со момчињата била и баба која ги алармирала соседите да повикаат брза помош и полиција.
Српските медиуми пишуваат дека според локалните жители, двете момчиња биле пријатели и оделе во седмо одделение во основно училиште во Нишка Бања.
„Тие се најдобри пријатели. Момчето е единец и потекнува од многу угледно семејство. Напаѓачот е малку проблематичен, често носеше нож. Без разлика на сето тоа, тие беа најдобри пријатели. Утрово ја забележавме бабата која плачеше. Викаше помош, а потоа излезе едно од момчињата, кое се тетеравеше и падна на асфалтот. Еден од соседите влегол во куќата и нашол многу траги од крв. Очигледно се степале на приземје, а тепачката завршила крваво на таванот. Го нашол момчето во локва крв“,
пренесуваат медиумите во Србија.
Српските медиуми пренесуваат дека итната помош интервенирала со две екипи, поради дојава дека имало тепачка, но по пристигнувањето на местото на настанот, лекарите само можеле да констатираат смрт кај еден малолетник, додека другиот бил пренесен во УЧКС Ниш.
Српската полиција и официјално потврдила дека едното дете е пронајдено без знаци на живот, а другото е пренесено во Универзитетската болница Ниш и дека се работи на утврдување на сите околности.