Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за возрасен млад човек кој е поранешен ученик во Мешовитото средно училиште во Бихаќ. Тој преку социјалните мрежи објавил статус во кој се заканува дека ќе направи сличен масaкр како оној во Белград во кој загинаа осум ученици и чуварот на училиштето, а седум лица се повредени
Полицијата во босанскиот град Бихаќ уапси младич кој на социјалните мрежи објавил дека ќе изврши масакр во средното училиште во кое учел, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, пренесувајќи ја изјавата на министерот за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон на Босна и Херцеговина, Божидар Живко.

Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за возрасен млад човек кој е поранешен ученик во Мешовитото средно училиште во Бихаќ. Тој преку социјалните мрежи објавил статус во кој се заканува дека ќе направи сличен масакр како оној во Белград во кој загинаа осум ученици и чуварот на училиштето.
„Момчето кое уби осум деца за мене е крал! Долго време подготвувам вакво нешто за Економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незапаметен масакр во Бихаќ, ви се колнам со животот! Кога сите знаевте да ме осудувате и избегнувате, поради тоа ќе има терор“,
гласи објавата на социјалните мрежи на поранешниот ученик во Мешовитото училиште во Бихаќ, чија содржина ја пренесоа локалните медиуми.
Во меѓувреме, Мешовитото средно училиште во Бихаќ објави соопштение на социјалните мрежи во кое се наведува дека институциите се навремено известени за случајот и дека реагирале во рамките на своите надлежности.
„Поради ситуацијата која настана во врска со објавата на социјалните мрежи на нашиот поранешен ученик З. А., ве известуваме дека нема потреба за паника. Надлежните органи се уредно и навремено информирани и реагираа во рамки на нивните овластувања“,
се вели во соопштението на Мешовитото средно училиште во Бихаќ.
Случајот во Бихаќ следува откако 13-годишниот Коста Кецмановиќ вчера изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар. Тој пукал со пиштол калибар 9 милиметри, а со себе носел и малокалибарски пиштол и четири молотови коктели. Во нападот се убиени девет лица – осум ученици и чуварот на училиштето. Шест ученици и наставничка се тешко повредени и пренесени в болница.
Сите поврзани вести со масовното убиство во Белград:
- Трагедијата на Врачар ги затекнала и лекарите на Итната помош: Тоа е стрес за кој не се подготвуваш на факултет
- По масакрот во Белград, српското МВР најави контроли – дали сопствениците го чуваат оружјето според прописите
- Директорот на Клиничкиот центар на Србија: Двајца ученици и наставничката се стабилни, третиот ученик е подобар, но сепак критичен
- Меѓу жртвите на нападот во белградското училиште е и една француска ученичка
- (ФОТО) Илјадници граѓани во Белград и во Нови Сад им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Врачар
- Вучиќ предложи мерки по трагедијата на Врачар: Да се намали старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години
- Заврши увидот во училиштето во Белград, телата на убиените деца и чуварот се подигнати од местото
- Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години
- Уапсен таткото на момчето што пукаше во училиштето на Врачар
- Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР
- Видов како чуварот паѓа на под, почнав да трчам – исповед на девојче што било сведок на пукањето во училиштето во Белград
- (ВИДЕО) Мајка на ученичка по масакрот во Белград: Моето дете е уште во шок, под адреналин, не можеме да го смириме
- (ВИДЕО) Во пукањето во училиште во Белград убиени осум деца и чуварот – насобраните родители не можат да дојдат до децата
- (ФОТО+ВИДЕО) Со црна јакна на главата, полицијата го спроведе ученикот што пукаше во школо во Белград
- Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, има починати и повредени