Неодамнешните анкети покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу. Прокурдските гласачи ќе играат клучна улога во гласањето, предвидуваат анкетите
Турските власти уапсија повеќе од 100 лица за наводна поврзаност со тероризам, вклучително и претставници на прокурдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП), соопштија во вторникот државната новинска агенција Анадолу и ХДП. Апсењата доаѓаат помалку од три недели пред Турција да ги одржи клучните претседателски и парламентарни избори.
Неодамнешните анкети покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу. Прокурдските гласачи ќе играат клучна улога во гласањето, предвидуваат анкетите. Во полициски рации во 21 град и провинција уапсени се 110 лица за наводни врски со забранетата Курдската работничка партија (ПКК), јави Анадолија.
Обвинителите во југоисточниот град Дијарбакир, меѓу другото, ги товарат осомничените за давање финансиска помош на ПКК и терористичка пропаганда. Заменик-претседателот на ХДП, Озлем Гундуз, и други членови на партијата се меѓу приведените, изјави портпаролот на ХДП за ДПА. Цел се и адвокати, активисти и новинари, објави Адвокатската комора на Дијарбакир во соопштение на Твитер.
Комората бара нивно ослободување, нарекувајќи ги рациите „незаконски“. ХДП е втората по големина опозициска партија во парламентот и се брани во судски спор со кој се бара нејзино затворање. Ердоган ја обвинува ХДП дека е продолжение на ПКК, која е забранета во Турција, ЕУ и САД. ХДП ги отфрла сите обвинувања.
Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA