Без електрична енергија се повеќе од 50 села во околината на регионите на Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Радовиш, Кавадарци, Маврово, Кичево, Виница, Берово, Делчево и Крива Паланка

Од 22:20 часот вечерва повеќе села низ целата земја се без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на информации од ЕВН.
Без електрична енергија се повеќе од 50 села во околината на регионите на Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Радовиш, Кавадарци, Маврово, Кичево, Виница, Берово, Делчево и Крива Паланка.
Освен селата, од ЦУК велат дека во овие региони без електрична енергија се и неколку манастири и хидролошки станици.
Прекинот во напојувањето, како што информираат од ЦУК, е поради дефекти на мрежата. Оттаму додаваат дека интервентни екипи се ангажирани за санирање на дефектите и обезбедување непречено снабдување со електрична енергија.