Од ЦУК велат дека добиле известување оти чади од депонијата, но немаат повеќе информации
Од утрово од депонијата „Дрисла“ се шири чад, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму велат дека добиле известување оти чади од депонијата, но немаат повеќе информации.
„Пожари во државата нема, освен што имаме известување дека чади од депонијата ’Дрисла’ во Скопскиот Регион“,
велат од ЦУК.
На социјалните мрежи веќе се шират видеа во кои се гледа дека црн чад се издига од депонијата „Дрисла“.
Пожарот, како што велат жителите од Батинци, Драчево и Пинтија, е од раните утрински часови. Тие се жалат дека се шири чуден мирис и поради тоа се сомневаат во тоа што гори на депонијата.