Од ЦУК велат дека противпожарните екипи дејствуваат со максимален капацитет за да се спречи пожарот да зафати поголема површина

Екипите на Терторијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, во координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), интензивно работат на локализирање и ставање под контрола на пожарот што го зафати регионот околу селото Церово.
На самиот терен се присутни директорот на ЦУК, Мухамед Али, и командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, кои директно ја координираат акцијата за спречување на понатамошното ширење на огнената стихија.
Од ЦУК велат дека противпожарните екипи дејствуваат со максимален капацитет за да се спречи пожарот да зафати поголема површина. Целта, како што додаваат, е пожарот што поскоро да биде ставен под контрола.
Поради зголемениот ризик од пожари, Центарот за управување со кризи упати апел до сите граѓани за зголемена внимателност и одговорно однесување при престој и движење на отворен простор.
Од ЦУК попладнево информираа дека од 14 пожари на отворено, осум сè уште се активни. Во нивниот извештај беше наведено дека пожарот кај селото Церово е изгаснат.
