Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА во Скопско.
Според пријавата, како што наведува ЦУК, пожарот настанал како резултат на искрење од бандера и се проширил на околната сува трева.
„На местото на настанот се екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и припадници на полицијата. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот од пријавувањето до сега нема опасност од негово проширување“,
додаваат од ЦУК.