Повеќе возила се заглавени на потегот помеѓу двете патарини на угорнините на автопатот Велес-Скопје, информира Центарот за управување со кризи и додава дека надлежните вршат расчистување на теренот.
„Регионалниот ЦУК Велес известува дека преку единствениот број за итни случаи 112 е добиена информација за повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на дел од дестинацијата од автопатот Велес – Скопје“,
соопшти ЦУК.
Оттаму велат дека за настанатата состојба се известени во Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од каде веќе имаат возила на терен што вршат расчистување на патниот правец.
*Насловна фотографија: илустрација/архива