Во моментов на гасење на пожарот интервенира екипа на кумановската противпожарна единица со три противпожарни возила, а вклучени се и екипи на ЈП „Национални шуми“. Во зависност од метеоролошките услови, велат од Центарот за управување со кризи, во текот на денот можна е и интервенција од воздух, со цел побрзо локализирање на пожарот
И натаму е активен пожарот кај липковското село Никуштак – информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој од терен известува за состојбата со пожарот.

Во моментов на гасење на пожарот интервенира екипа на кумановската противпожарна единица со три противпожарни возила, а вклучени се и екипи на ЈП „Национални шуми“. Во зависност од метеоролошките услови, велат од ЦУК, во текот на денот е можна и интервенција од воздух, со цел побрзо локализирање на пожарот.
„Од терен директно ги координирам активностите на екипите и сите мерки за справување со ситуацијата. Екипите продолжуваат со максимален ангажман за спречување на ширењето на пожарот и за заштита на населените места и имотот на граѓаните“,
порача директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во својот утрински извештај за состојбата на пожарите во државата рече дека пожарот во атарот на селото Никуштак е надвор од контрола и покрај вчерашната интервенција на „ертракторите“ на ДЗС кои истурите 81 тон вода на местото каде што избувнал огнот.
