Според ЦУК, еден од активните пожари е на територија на Општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, а другиот пожар е на територија на Општина Студеничани над селото Моране, каде гори мешана шума

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 7:30 часот се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати.
Според ЦУК, еден од активните пожари е на територија на Општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, а другиот пожар е на територија на Општина Студеничани над селото Моране, каде што гори мешана шума.
Под контрола се држат пожарите во Општина Делчево, каде гори градската депонија, и во Општина Ново Село кај Ново Село на планината Огражден, каде што горат депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.
ЦУК информира за локациите на изгаснатите пожари:
Општина Виница – с. Блатец (ниска вегетација);
Општина Штип – населба Света Петка (ниска вегетација);
Општина Центар Жупа – с. Горенци (депонија);
Општина Кичево – с. Бачинци (ѓубре);
Општина Лозово – непосредно до Филтерната станица за вода (ѓубре);
Општина Брвеница – с. Милетино (ниска вегетација);
Општина Желино – с. Долна Лешница (ниска вегетација); Општина Теарце – с. Слатина (ниска вегетација);
Општина Врапчиште – с. Врапчиште, кај ресторанот Чифлик (ниска вегетација);
Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Сарај – с. Долно Свиларе (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Сарај – меѓу с. Долно Свиларе и Горно Свиларе (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Сарај – с. Паничари (мешана шума и ниска вегетација);
Општина Зелениково – с. Орешани (слама); Општина Кривогаштани – кај манастирот „Св. Атанасиј“, с. Локвени (ниска вегетација);
Општина Охрид – во близина на ресторанот „Конак“ (ниска вегетација);
Општина Илинден – кај обиколницата Инџиково (ѓубре);
Општина Македонски Брод – место викано Старичица, с. Грешница (ниска вегетација и мешана шума);
Општина Кавадарци – с. Фариш (ниска вегетација);
Општина Валандово – место викано Сува Река, с. Раброво (депонија).
