За утре попладне се најавува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за појава на краткотрајно невреме

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 14 до 23 Целзиусови степени, а дневната од 32 до 40 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро до 38 во текот на денот.
Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. За попладне се најавува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и наместа услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 30 степени.
