Во Црна Гора, покрај Српската православна црква, постои и Црногорска православна црква, која е непризнаена од останатите православни цркви. Нејзините претставници се надеваат дека по признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА) на ред за решавање е црногорското црковно прашање
Црногорскиот премиер Дритон Абазовиќ вчера бил во посета на Вселенската патријатшија во Фанар, Истанбул, објави Вселенската патријаршија на својата веб-страница.
На посетата не присуствувал патријархот Вартоломеј зашто бил во Имврос, во неговото родно место.
На својата веб-страница, Вселенската патријаршија објави и дека Абазовиќ го примил митрополитот Силивриски, Максим.

Во соопштението од Вселенската патријаршија пишува дека разговарале за функционирањето на Вселенската патријаршија, но и дека со гостинот размениле подароци.
пишува во соопштението од Вселенската патријаршија.
„Премиерот на Црна Гора беше пречекан од директорот на Специјалната патријаршиска канцеларија и свештеници на Патријаршискиот суд, а потоа и од Патријаршискиот ѓакон г. Хиеронимос Сотирелис, кој го упати во патријаршиската црква, каде што го информираше за историјата и светите мошти што се чуваат таму“,
Во Црна Гора, покрај Српската православна црква, постои и Црногорска православна црква, која е непризнаена од останатите православни цркви.
Нејзините претставници се надеваат дека по признавањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ ОА) на ред за решавање е црногорското црковно прашање.
Од средбата на Абазовиќ во Вселенската патријаршија, нема информации дали оваа тема била ставена на дневен ред.
Кога Дритон Абазовиќ стана премиер, ги подобри односите на Црна Гора со СПЦ.
Минатата година беше потпишан и договорот меѓу СПЦ и Црна Гора, со кој беше воспоставена соработка меѓу државата и црквата.