Во Иран починаа 200 лица во претходните 24 часа од последиците на ковид-19, најмногу во еден ден откако се прошири пандемијата во таа земја.
Вкупниот број на смртни случаи во Иран како последица на ковид-19 е 11 931, додека од почетокот на пандемијата се регистрирани 245 688 заразени, од кои дури 2 637 во текот на изминатите 24 часа.
До вчера во Иран најголем пораст на бројот на смртни случаи за еден ден беше 163, но црниот рекорд беше соборен во следните 24 часа со 200 потврдени смртни случаи.
Дневниот број заразени со коронавирус и смртни случаи во Иран се зголеми нагло во текот на изминатата недела, откако властите почнаа постепено да ги ублажуваат ограничувањата наметнати кон средината на април.