„Њујорк тајмс“ пишува дека сега, кога се чини дека Русија ја има главната рака на првите линии на фронтот, американските разузнавачки агенции повеќе не веруваат дека постои непосредна закана од нуклеарен напад. Сепак, рускиот претседател не ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје. Обраќајќи ѝ се на нацијата, Путин рече дека западните земји мора да разберат дека Русија има оружје што може да погоди цели на нивна територија
ЦИА во 2022 година го предупредила американскиот претседател Џо Бајден дека постои повеќе од 50 отсто можност Русија да употреби нуклеарно оружје доколку утврди дека нејзините сили се десеткувани и дека во опасност е територијата на Крим, пишува „Њујорк тајмс“. Американската администрација, според тврдењата овој медиум, се подготвувала за непосредна можност Русија да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина.

Токму поради оваа причина, како што пренесува „Њујорк тајмс“, Бајден на 6 октомври 2022 година го одржал и т.н. говор „армагедон“ во Њујорк.
Тогаш американскиот претседател рекол дека не се соочиле со можноста за армагедон уште од времето на Кенеди и кубанската ракетна криза.
Во таа пригода Бајден предупредил дека рускиот лидер Владимир Путин е сериозен кога зборува за нуклеарен напад.
„Тој не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје, биолошко или хемиско оружје, бидејќи неговата војска може да се каже дека очајно потфрлила“,
рекол Бајден.
Во февруари 2022 година, откако Русија ја нападна Украина, американските разузнавачи првично рекле дека нема докази дека Русија планира да користи оружје за масовно уништување.
Но, кога Украина извршила контранапад и почнала да го потиснува рускиот напредок, ЦИА предупредила дека ги пресретнала сите разговори на руските сили за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје од помал размер.
Марк Мили, поранешен претседател на Здружениот генералштаб, ја нарече ситуацијата нуклеарен парадокс за САД.
„Колку Украинците се поуспешни против Русите, толку е поголема веројатноста Путин да се закани дека ќе употреби нуклеарна бомба“,
коментираше тој.
Новинарот на Си-ен-ен, Џим Сјут, добил информација од високи претставници на администрацијата на Бајден дека тимот на американскиот претседател ригорозно се подготвува за можен руски нуклеарен напад врз Украина.
Висок функционер, наводно, рекол дека Советот за национална безбедност се состанал за да разговара за тоа како САД ќе одговорат на руски нуклеарен напад и како да го одвратат или спречат.
„Њујорк тајмс“ пишува дека сега, кога се чини дека Русија ја има главната рака на првите линии на фронтот, американските разузнавачки агенции повеќе не веруваат дека постои непосредна закана од нуклеарен напад.
Сепак, рускиот претседател не ја исклучи можноста за употреба на нуклеарно оружје.
Обраќајќи ѝ се на нацијата, Путин рече дека западните земји мора да разберат дека Русија има оружје што може да погоди цели на нивна територија.
Коментирајќи ја изјавата на францускиот премиер Емануел Макрон дека земјите кои обезбедуваат помош за Украина не треба да ја исклучат можноста да испратат свои војници во Украина, Путин рече дека последиците за оние што ќе пристигнат на фронтот, како што вели, можат да бидат трагични.
„Зборуваат дека Русија планира да ја нападне Европа, а ние самите знаеме дека тоа е глупост. Веќе зборуваат и за испраќање војници во Украина. Треба да знаат дека Русија има оружје што може да уништи цели и на нивни територии. Треба да бидат свесни дека таквите акции предизвикуваат нуклеарен конфликт. Изгледа дека не се свесни оти такво нешто може да доведе до крај на човештвото. За нив сето тоа е како во цртаните филмови“,
рече Путин.