Министерството за внатрешни работи на Австрија кратко пред да бидат откажани концертите објави дека се уапсени две лица кои го планирале нападот. Австриските власти велат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, со потекло од Македонија, бил инспириран од „Исламската држава“
Осомничените кои го планирале нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена имале намера да убијат десетици илјади луѓе, изјави заменик-директорот на ЦИА, Давид Коен.
„На тој концерт планирале да убијат огромен број луѓе, десетици илјади, меѓу кои сигурно ќе имало многу Американци. Имаа детален план. Австријците можеа да ги уапсат бидејќи ЦИА и нашите разузнавачки партнери им дадоа информации за тоа што планира оваа група поврзана со ИСИС“,
рече Коен.
Министерството за внатрешни работи на Австрија кратко пред да бидат откажани концертите објави дека се уапсени две лица кои го планирале нападот. Австриските власти велат дека главниот осомничен, 19-годишен Австриец, со потекло од Македонија, бил инспириран од „Исламската држава“.
Во куќата на осомничениот биле пронајдени хемикалии и направи. Тој, наводно, планирал да изврши напад со нож или рачно изработен експлозив.
Адвокатот на осомничениот тврди дека обвиненијата се претерани и дека случајот е напумпан од страна на австриските власти.
Инаку, главниот осомничен и 17-годишникот беа приведени на 6 август, ден пред да биде објавено дека концертот ќе биде откажан. Третоосомничениот (18) беше уапсен на 8 август. Нивните имиња не се објавени поради австриските закони за приватност.