Според најавите, навивачите ќе се соберат на плоштадот „Македонија“ во 16 часот, а во 17:45 е предвидено тргнувањето кон Градскиот стадион каде што ќе се одигра мечот меѓу ФК Вардар и ФК Железничар.
Отежнат сообраќај и блокади низ главниот град се очекуваат и денеска поради најавениот собир на плоштадот „Македонија“ на навивачите на Фудбалскиот клуб Вардар, познати како „комити“, каде што тие денеска ќе го прослават 35-от роденден на навивачката група.
Според најавите, навивачите ќе се соберат на плоштадот „Македонија“ во 16 часот, по што во 17:45 ќе се упатат на Арената „Тодор Проески“, каде што ќе се одигра мечот меѓу ФК Вардар и ФК Железничар.
По повод роденденот на „комити“ и ФК Вардар, МВР апелира да се избегне непотребно движење на оваа локација.
Метеж во сообраќајот имаше и пред два дена, кога дел од улиците беа блокирани поради дефилето организирано од „комити“ во пресрет на денешниот натпревар со ФК Железничар и роденден на навивачката група.